Што вклучува третманот
Хемиското чистење не е „бришење на пластиката“. Ја отвораме внатрешната единица, го штитиме ѕидот и мебелот, и со професионални HVAC препарати го раствораме талогот на испарувачот, вентилаторот и во кадата за конденз.
- Демонтажа на маска и филтри, механичко + хемиско чистење
- Третман на испарувач (coil) и турбина / крос-флоу вентилатор
- Чистење и промивање на одвод — против прелевање и мирис
- Дезинфекција против мувла и бактерии
- Надворешна единица: кондензатор, вентилатор, куќиште
- Пробно ладење/греење и проверка на одвод
За кои уреди
Сплит 9, 12, 18 и 24, мулти-сплит, касетни 60×60, под-тавански и конзолни единици. Ако имате постар уред или нестандарден пристап — кажете однапред, ќе процениме на лице место.
Колку трае
Една стандардна сплит единица: обично 45–75 минути. Мулти-сплит и касетни траат подолго. Не мора да го напуштите домот; просторот го покриваме и по чистењето го оставаме уреден.