Нема еден датум за сите. Зависи од часови работа, прашина, пушење, домашни миленици и дали климата и грее зима.
Практичен календар
- Стан / куќа, без миленици: хемиско чистење еднаш годишно, идеално април–мај.
- Дом со куче/мачка или пушачи: на 8–10 месеци, филтер на 3–4 недели.
- Канцеларија: на 6 месеци. Open-space со многу луѓе — почесто.
- Ординација, салон, теретана: на 4–6 месеци.
- Ресторан / кафе во близина на кујна: на 3–4 месеци поради маснотии.
Што можете сами
Филтерот: ладна вода, мека четка, сушење пред враќање. Не со силен детергент и не во машина. Ако филтерот е чист, а мирисот останува — проблемот е внатре. Тогаш хемискиот третман има смисла.
За понуда по тип единица пишете ни на контакт.